Хитмејкерот Роби Вилијамс тврди дека некои луѓе сакале да го претепаат и дека неговиот живот бил во опасност откога стана музичка ѕвезда со Take That во 90-тите.
Роби гостуваше во поткастот Happy Place на пејачката Ферн Котон.
Потсетувајќи се како животот му се променил по славата, Роби рече: „Јас доаѓам од Стоук. Го сакам мојот роден град, но кога бев многу млад, не можев да излезам надвор“.
„Луѓето сакаа да ме тепаат каде и да одам. Дури во еден момент за мене имаше и нарачано убиство за кое никогаш не сум зборувал“.
Роби признава дека се борел да се справи со сите придружни ефекти кога бил во центарот на вниманието и желбата за враќање во нормалност и покрај неговиот музички успех.