29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕМодар патлиџан: Потполно е неверојатно што се лекува овој зеленчук

Модар патлиџан: Потполно е неверојатно што се лекува овој зеленчук

Овој зеленчук потекнува од Индија, а со векови го користат во Јапонија, Кина, цела Азија, и тоа исклучиво во лековити цели…

Модриот патлиџан (лат. Solanum melongena) има широко и разгрането стебло со височина која што достигнува и до 70 см, а го красат исклучително големи зелени листови. Плодовите од модриот патлиџан се многу хранливи, а се разликуваат според облиците и боите.

Најпознат и најраспространет вид е долгнавестиот модар патлиџан со темновиолетова боја. Оваа интересна билка потекнува од Индија каде што е во употреба веќе 3.000 години.

Од Индија неговото одгледување најпрво се проширило на истокот во Азија, во Кина и Јапонија. Во 14-тиот век пак започнал да се одгледува на подрачјата на јужна Европа, а во 16-тиот век расте неговата популарност и во средноевропските земји.

Плодовите од модриот патлиџан се чест гостин на менијата на љубителите на зеленчукот ширум светот, а во веганските кујни важат за вистински продукт кој што е совршена и вкусна замена за месото.

Примена во лекувањето

Освен како храна, патлиџанот во поединечни земји се применува и во медицински цели. Традиционалната кинеска медицина ја признава оваа билка како одлично сретство за лекување на гастритис, проблеми со коските, реума, изгореници на кожата, па дури и рак.

Во Нигерија пак важи за одличен лек против ишијас, мускулни грчеви и хемороиди. Во многу источни култури е многу ценет и чајот од свежа или исушена кора од модар патлиџан.

Позната е и примената на облогите од листовите од билката или месото од плодот за ублажување на воспаленија. Овој зеленчук е и одличен извор на витамините К, Ц, А, Б1, Б3, Б6 и Б9 (фолна киселина). Богат е и со минералите калиум, калциум, фосфор, бакар и магнезиум.

Помага во контрола на дијабетесот

Веќе со векови плодовите од модриот патлиџан се познати и како одлична помош во контролата на дијабетесот. Модерните научни истражувања потврдија дека исхраната богата со овој зеленчук и оди во прилог на регулацијата на нивото на шеќерот во крвта, а една од причините е токму високата концентрација на влакна.

Ја регулира телесната тежина

Модриот патлиџан е зеленчук со ниска концентрација на јаглени хидрати, не содржи масти и има само 20 калории по парче. Богат е со влакна поради што придонесува за подолготрајно чувство на ситост. Според некои истражувања, хлорогеничната киселина која што е присутна во овој плод многу придонесува за намалување на масните наслаги.

Тоа се предности кои што прават тој да биде одличен сојузник во борбата против вишокот на килограми.

Ги ублажува проблемите со варењето

Горчливите состојки во модриот патлиџан се заслужни за ослободување на грчевите од желудникот и останатите желудечни и цревни проблеми.

Плодовите на модриот патлиџан се богати со влакна кои што го штитат дигестивниот тракт и помагаат во одржувањето на функционалноста и здравјето на целиот дигестивен систем.

Го намалува нивото на холестеролот во крвта

Хлорогеничната киселина помага и во намалување на нивото на LDL (лошиот) холестерол како и зголемување на HDL (добриот) холестерол.

Насунинот има исто така голема важност бидејќи според тврдењата на научниците помага во превенција од настанок на лошиот холестерол.

195274809455fd71703c35d369305995_w640

Го забавува растот на туморите

Според истражувањата, насунинот, антиоксиданс кој е присутен во кората на модриот патлиџан има голема и моќна улога во превенцијата и ширењето на ракот. Студија објавена во 2005-тата година во магазинот „Journal of Agricultural and Food Chemistry“ потврдува дека насунинот делотворно го спречува процесот наречен ангиогенеза и така помага за потиснување на ширењето на туморските клетки.

Според истражувањата пак на американското Министерство за земјоделство, хлорогеничната киселина која што се содржи во патлиџанот е одличен сојузник во борбата против слободните радикали кои што се причинители за појава на рак.

Штити од вируси

Експертите потврдуваат дека модриот патлиџан, благодарение на антивирусните својства на хлорогеничната киселина, може да биде од голема корист во превенција и лекувањето на многубројни болести предизвикани од вируси.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП