25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЈуго 45 го слави својот 40-ти роденден

Југо 45 го слави својот 40-ти роденден

Деновиве Југо 45 слави голем јубилеј – на 28 ноември 1980 година официјално започна сериското производство на автомобили, кое одбележа цела една ера на овие простори.

Се шпекулира дека автомобилот морал да биде подготвен за прославување на Денот на републиката.

Судејќи според архивите, биле потребни цели 17 дена за да се комплетира автомобилот, со оглед на тоа што првата сериска школка беше завршена на 11 ноември.

Првиот примерок на „Југо 45“ е направен рачно на 2 октомври 1978 година, со цел да му се покаже на претседателот Тито. Во 1981 година бил прогласен за автомобил на годината, а во периодот од 1980 до 2008 година биле составени вкупно 794.428 примероци на Југо.

Рекордното производство било во 1989 година со вкупно произведени 118.237 примероци.

Рекордното месечно производство било во декември 1988 година со направени 12.631 примероци, додека дневниот рекорд бил на 26 декември 1988 година со произведени 539 автомобили Југо.

Последниот примерок кој излегол од производната линија на Застава од Крагујевац бил “Корал 1,1 Економик”, со црвена бургунд боја. Тоа било на 11 ноември 2008 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП