19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗОфицијално претставен „Lamborghini STO“ (ФОТО/ВИДЕО)

Официјално претставен „Lamborghini STO“ (ФОТО/ВИДЕО)

„Lamborghini“ во средата официјално ја претстави новата верзија на „Huracan“.

Значи, „Huracan STO“ е ново „Lamborghini“ инспирирано од моделите „Squadra Corse Huracan Super Trofeo EVO“ и „Huracan GT3 EVO“.

Има таканаречен „агресивен“ аеродинамичен каросериски изглед кој вклучува спојлер за прилагодување на предниот и задниот дел, заден дифузер, отвори за проветрување и проширени браници, тркалата се изработени од магнезиум (за да бидат полесни додека се одржува јачината).

„Bridgestone Potenza“ се гумите поставени на новиот „Lambo“, ветробранското стакло е 20% полесно, па дури тежи и помалку поради честата употреба на магнезиум и јаглеродни влакна, па затоа е за 45 килограми полесен од автомобилот „Huracan Performance“, поточно 1.339 kg е тежината на автомобилот.

Односот тежина/моќ е 2,09 kg на ks.

Поставени се и сопирачките „Brembo CCM-R“, а сега дојдовме до најинтересниот дел – моторот. Го придвижува 5,2 литарски V10 мотор со 470 kW/640 ks и вртежен момент од 565 Nm, погон на задните тркала, а влечењето е најдобро во својата класа.

Во соопштението од фабриката се наведува и дека забрзувањето од 0 до 100 km на час трае 3,0 секунди, како и дека автомобилот достигнува 200 km на час за 9,0 секунди.

Што се однесува до максималната брзина, таа е 310 km на час. Во ентериерот се истакнуваат тркачките седишта изработени од јаглеродни влакна, како и површините со Алкантара.

Исто така, „Huracan STO“ нуди три нови режими на возење: „STO“ (за пат), „Trofeo“ (за патека) и „Pioggia“ (за дожд). Првите клиенти ќе го добијат својот „Huracan STO“ напролет следната година.

https://www.youtube.com/watch?v=WGkeYPmh8xo&feature=emb_title

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП