29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЛимонада со чиа семе: Чудотворен напиток за повеќе енергија и помалку токсини

Лимонада со чиа семе: Чудотворен напиток за повеќе енергија и помалку токсини

Овој напиток се нарекува енергетска бомба, бидејќи вашето тело по само една чаша од него ќе почувствува бран на енергија и сила, додека токсините постепено ќе исчезнуваат од организмот.

Лимонот е вистинско злато од природата, па освен што е голем извор на витамин Ц, тој е и совршен за детоксикација на организмот. Но што се случува во нашиот организам кога ќе испиеме комбинација од лимон и лековитото чиа семе.

Чиа семето е познато како семе на здравјето, бидејќи му ја враќа силата на телото и го зајакнува имунитетот. Меѓутоа, едно од најважните делувања му е тоа што чиа семето го забрзува метаболизмот и помага при намалување на вишокот килограми. Ова семе е пребогато со омега 3 киселини, а идеално е за сите кои сакаат да се хранат здраво, бидејќи не содржат глутен.

Овој напиток се нарекува енергетска бомба, бидејќи вашето тело по само една чаша ќе почувствува бран на енергија и сила, додека токсините постепено исчезнуваат од организмот.

Состојки:

– 1 шолја вода

– 1 исцеден лимон

– 1 лажица јаворов сируп (може и друга здрава замена за шеќер)

– 1 лажица чиа семе

Сите состојки помешајте ги и оставете ги да отстојат во чаша 10 минути. Потоа слободно препуштете му се на уживањето во природниот енергетски напиток.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП