Филмот „Врба“ на Милчо Манчевски е македонски кандидат за Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм, соопшти Друштвото на филмските работници на Македонија.
Комисијата за избор на македонски кандидат за наградата Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм во состав: Игор Иванов – режисер и претседател на Комисијата, Дејан Лилиќ – актер, Тамара Котевска – режисер, Самир Љума – кинематографер, Мартин Иванов – монтажер, Иван Ѓоршев – мајстор на светло и Сања Арсовска – актерка, донесе одлука филмот „Врба“ во режија на Милчо Манчевски, да биде национален кандидат на Република Северна Македонија за оваа награда за 2021 година.

