„Литературно шаренило на Балканот“ е мултикултурен зборник како синтеза на поетските рефлексивни творби на поетите што живеат и творат во Македонија, а се припадници на различните националности како мнозинство. Идејата за да се создаде ваков мултикултурен проект беше поттикната од нашето македонско општество кое е пред сè мултиетничко шаренило. Овој зборник со поезија е резултат на шестгодишниот фестивал на поезијата насловен „Balkansko veče poezije”, а што секоја година се одржува на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик (21 февруари) во Скопје, а во организација на Младинската културна асоцијација на Бошњаците -„Шадрван“.
Главни уреднички на овој зборник се Марина Мијаковска и Алмира Папиќ. Оваа книга е поетски дијалог помеѓу поетите кои се со различен национален идентитет и говорат и творат на различни јазици, а живеат во иста татковина.


