3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАСеријата „OnePlus 9“ може да има три модели

Серијата „OnePlus 9“ може да има три модели

Објавувањето на серијата „OnePlus 9“ се очекува во текот на март 2021-ва година, што е порано од вообичаеното. Сега извештаите сугерираат дека серијата „OnePlus 9“ нема да вклучува два, туку три модели.

Стандардниот модел ќе има ознака „LE2110“, додека „OnePlus 9 Pro“ ќе ги има ознаки на моделите „LE2117“, „LE2119“ и „LE2120“ (во зависност од регионот). Забележан е и моделот „LE2127“, кој може да биде мистериозен трет уред.

Покрај ова, спецификациите за „OnePlus 9“ се појавија на веб-страницата „Weibo“. Серијата „OnePlus 9“ се очекува да го користи новиот чипсет 5nm „Snapdragon 875“, да има освежување на екранот со 144Hz, „IP68“ заштита, поддршка за „65W“ брзо полнење и „Android 11“ уште од почетокот.

Телефонот ќе пристигне со „punch-hole“ со отвор за селфи камерата, ќе има 5G поддршка, Wi-Fi 6, Bluetooth, GPS и USB Type-C порт за уреди за полнење и пренос на податоци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП