26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСируп од ловоров лист кој ја смирува кашлицата

Сируп од ловоров лист кој ја смирува кашлицата

Променливото време често знае да донесе настинка и непријатна кашлица, но постои лек кој се крие во вашата кујна.

Дознајте како со овој вкусен природен сируп да ја излечите кашлицата и на телото да му ја вратите енергијата.

Овој сируп е многу вкусен така што неговата консумација нема да ви биде непријатна.

Потребни ви се:

– 6 ловорови листови

– 2,5 дцл вода

– 6 лажици шеќер (најдобро да користите кафеав шеќер)

– 1 лимон

Постапка:

Затоплете ја водата. Додадете го ловоровиот лист и варете со затворен капак од 6-10 минути. Извадете ги ловоровите листови, ставете ја течноста во сад во кој ќе го приготвите сирупот, па додадете го шеќерот и исцедете го лимонот, промешајте добро за да се стопи шеќерот. Земајте по една лажичка неколку пати дневно. Секој пат кога ќе ве нападне интензивна кашлица земете по една лажичка.

Напомена:

Сирупот можете да го чувате во фрижидер неколку дена. Можете да го консумирате и ладен и топол.

Доколку имате и други симптоми на настинка, по сирупот корисно е дополнително да земете по една кришка лимон која ќе ја џвакате. Сирупот е многу делотворен во спречувањето на сувата кашлица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП