25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЗапочна производството на новиот „BMW M3“ (ВИДЕО)

Започна производството на новиот „BMW M3“ (ВИДЕО)

Првите примероци на најновата спортска лимузина на „BMW“ излегоа од погонот во Минхен, каде се произведуваат и други верзии на сегашната серија „3“.

„BMW“ на тој начин го комплетираше производствениот процес на новата генерација на „Series 3“ во фабриката во која што се произведуваат и регуларната лимузина и караванот, вклучително и „plug-in“ хибридните верзии на овие автомобили, а од баварската компанија наведуваат дека сите овие модели се составуваат на иста линија за производство.

Иако се темели на иста основа како и „BMW M3“, новото „M4 Coupe“ нема да се произведува во Минхен како досега.

Наместо тоа, „BMW M4“ ќе се произведува во фабриката во Динголфинг.

„BMW“ ја претстави новата генерација на „M3“ и „M4“ на крајот на септември, а овие автомобили ќе пристигнат во салоните во март 2021-ва година.

Двете возила во основната варијанта под хаубата имаат 6-цилиндричен 3.0-литарски твин-турбо бензинец со 480 ks (353 kW) и 550 Nm. Помоќната, „Competition“ варијанта го користи истиот погонски систем, но со 510 ks (375 kW) и 650 Nm.

„BMW M3“ и „M4“ во основната погонска варијанта забрзуваат од 0 до 100 km/h за 4,2 секунди, пред да ги развијат максималните 290 km/h, доколку се опремени со опционалниот пакет „M Driver“. Без овој пакет, максималната брзина е електронски ограничена на 250 km/h.

„Competition“ моделите се уште побрзи, така што им требаат само 3,9 секунди за да забрзаат од место до 100 km/h, додека максималната брзина е идентична со послабите верзии.

Основните верзии на „М3“ и „М4“ доаѓаат стандардно со 6-степен мануелен менувач и погон на задните тркала, што ќе ги воодушеви традиционалните љубители на спортските автомобили на „BMW“.

Осумстепениот автоматски е достапен како опција кај основните модели, а во верзиите на „Competition“ е единствениот достапен менувач. Сепак, дури и тука, можно е рачно да се менуваат брзините со користење на рачките лоцирани на воланот.

„Competition“ верзии носат уште една ексклузивност, а тоа е погон на сите тркала „M xDrive“. Сепак, и тука беше земена предвид традицијата, па затоа инженерите на „BMW“ се погрижија во нормален режим на возење вртежниот момент да се испраќа само на задната оска, а во попредизвикувачките моменти за возачот, кога е потребна поголема стабилност и подобар зафат, тие исто така се вклучени и предните тркала.

https://www.youtube.com/watch?v=XYv1ncntfis

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП