1 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕМоќта на јогуртот

Моќта на јогуртот

Добро познато е дека јогуртот е здрав напиток. Сте се запрашале ли за што сe е добар? Еве неколку причини зошто јогуртот треба редовно да се наоѓа на полиците од вашиот фрижидер и во дневното мени.

Витамини

Ако ја прочитате содржината на јогуртот, ќе откриете кои витамини ги има, а кои му се неопходни на организмот. Една чаша јогурт содржи значајни количини калиум, фосфор, рибофлавин, јод, цинк, витамин Б5 и Б12. Количината и видовите витамини зависат од типот на јогурт, но генерално сите содржат витамини кои се значително важни за здравјето.

Слабеење

Доктор Мајкл Земел, експерт за исхрана, тврди дека јогуртот содржи калциум кој го поттикнува слабеењето, односно го поттикнува брзото согорување на масти во организмот, додека едно истражување на научниците од универзитетот во Тексас открило дека диетите многу подобро функционираат ако вклучуваат и консумација на јогурт.

Добри бактерии

Општо познато е дека јогуртот содржи т.н. добри бактерии кои влијаат врз дигестивниот систем и се корисни за човечкото здравје. Ферментираните производи, како што е овој млечен напиток содржат пробиотици кои покрај дигестивниот систем, можат да помогнат и во зајакнување на имунолошкиот систем.

Крвен притисок

Ако имате проблеми со висок крвен притисок, потрудете се на дневното мени редовно да имате јогурт. Неодамнешното истражување покажало дека јогуртот помага во намалување на високиот притисок за дури 50 проценти.

Опоравување на мускулите

Во случај да сте ги воспалиле мускулите, лекот за вас е чаша јогурт. Имено, јогуртот содржи голема количина на протеини кои ги хранат мускулите со потребните аминокиселини и на тој начин се обновуваат. Затоа, сите кои вежбаат треба почесто да пијат јогурт кој истовремено дава дополнителна енергија.

Остеопороза

Комбинацијата на калциум и витамин Д кои се наоѓаат во јогуртот помага во јачење на коските. Калциумот ги зајакнува, а витаминот Д му овозможува полесно да се врзе со коските.

Ситост

Освен што го поттикнува слабеењето, јогуртот помага и да издржите во вашата намера, недозволувајќи ви да консумирате нездрави „грицки“. Неодамнешно истражување покажало дека луѓето кои редовно пијат јогурт се посити и немаат потреба од дополнителни оброци. Заслугата оди кај протеинот кој во јогуртот го има во изобилство и кој е добар да се консумира наместо нездрава храна.

После сите овие „моќи“ на јогуртот, како да не почнете да го купувате секој ден и редовно да го консумирате? Можете да го употребите со житарици за појадок, со пециво, како ужина или навечер пред спиење. Кога и да го пиете, благотворните дејства исто влијаат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП