Секако дека чудотворните еликсири кои поседуваат магични способности постојат, но нив не можете да ги купите во аптека.
Овие прастари рецепти се сочувани до денешни денови и тие со сигурност ќе ви помогнат да го препородите вашето тело.
Еликсир од Стариот Исток

Промешајте 120 милилитри лимонов сок, 200 грама домашен багремов мед и 40 милилитри екстра девствено маслиново масло. Добиениот сируп чувајте го во фрижидер и секое утро земајте по една супена лажица на празен желудник. На децата може да им давате по една мала лажичка.
Кинески лек за имунитет
Во народната кинеска медицина циметот има репутација како лек за настинка и грип, а се користи во комбинација со чај и свеж ѓумбир. Помага и при проблеми со варењето (поради тоа што содржи тиамин), ги ревитализира нервите и крвта. Ако користите напиток подготвен според овој рецепт, со сигурност многу брзо ќе се уверите во неговите резултати.
Навечер пред спиење во 200 милилитри провриена вода ставете две мали лажички цимет и една голема супена лажица мед. Нарендајте малку свеж ѓумбир, околу една мала лажичка. Потоа, додадете три лажици сок од лимон и затворете ја шолјата со тацна. После половина час испијте половина од овој напиток, пред спиење, а другата половина испијте ја наутро на празен желудник.
Еликсир за чистење на крвта

13 чешниња лук иситнете ги и промешајте ги со 600 милилитри бело вино. Ставете ја течноста во стаклена тегла која ќе ја чувате точно три недели на сончево место, а теглата редовно неколку пати дневно ќе ја протресувате. После три недели, процедете ја течноста и сипете ја во стаклено шише. Земајте по три супени лажици дневно, пред секој оброк.
Фараонски чај
Древните Египќани често консумирале чај од судански рози, односно од хибискус. Овој напиток не бил популарен без причина. Хибискусот е исклучително богат со антиоксиданси кои ја штитат кожата од стареење. Чајот од хибискус и бил омилен и на Клеопатра која го консумирала за својата душа и тело.
Древен индиски еликсир

За подготовка на овој напиток ќе ви биде потребна една шолја козјо млеко, половина мала лажичка куркума, три големи лажици бадемово масло, две лажици мед и половина шолја вода. Млекото загрејте го и во него измешајте ги останатите состојки. Наместо бадемово, може да користите и маслиново масло, а напитокот би требало да го консумирате наутро, на празен желудник. Овој еликсир за здравје одлично ќе влијае на вашиот имунолошки систем.