28 март, 2024
ПочетнаХОРОСКОПВикенд хороскоп 31-01.11.2020

Викенд хороскоп 31-01.11.2020

Овен (21.03 – 20.04)

Понекогаш е тешко да остварите добар деловен компромис. Потпрете се на својата интиуција. Иако викендот не е за бизнис, овој ќе ви биде токму таков. Се повеќе го забележувате незадоволството на партнерот, направете нешто за да го усреќите.

Бик (21.04 – 21.05)

Колку и да се обидувате едноставно не ви оди се од рака, не ни треба да очекувате дека се ќе ви оди како подмачкано. На љубовен план се прашувате дали ситуацијата е навистина така лоша како што на вас ви изгледа. Партнерот е таинствен.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Препуштете му се на мечтаењето. Идеите тогаш ќе ви дојдат сами. Добро запаметете ги за идните потфати. Повеќе сте расположени да бидете во друштво на пријателите отколку на партнерот, а тоа ќе го налути вашиот партнер.

Рак (22.06 – 22.07)

Претерувате со желбата да оставите добар впечаток на соработниците. Вашето однесување укажува на претерано истакнување на способностите. На партнерот делувате многу провокативно, но не го постигнувате посакуваниот ефект.

Лав (23.07 – 22.08)

Доволно сте способни да ги надминете просечните мерила и ефикасно да ги остварите своите цели. Секогаш постои добар начин да се израдувате или да го усреќите саканото лице, а тоа во овој момент баш би ви дошло добро. Постапете онака како што чувствате.

Девица (23.08 – 22.09)

Викендот ќе ви помине работно. Ќе имате стандарни деловни задолжувања. Се чувствувате одлично и сакате среќата да ја поделите со другите. Убаво е што имате партнер кој ви помага во се. Возвратете му ја љубовта на соодветен начин.

Вага (23.09 – 22.10)

Ќе бидете во бунило, бидејќи толку многу работи ќе се променат а на вас буквално ниту една нема да ви се допадне. Ќе чувствате вознемиреност и гнев. Ова не е поволен викенд за вас, ниту пак е поволен за некои големи одлуки. Не посегнувајте по седативи.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Внимавајте на кого му се доверувате на работа. Не се сите толку добронамерни колку што се претставуваат. Ви се чини дека никогаш не сте биле во подобри односи со партнерот. Изгледа дека оваа хармонија ќе потрае малку подолго.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Вие сте во конфликтна ситуација самите со себе. На момент се ви изгледа во ред, а веќе во следниот момент чувствувате незадоволство. Имате чувство дека односот со партнерот не е како порано. Побарајте совет од блиските пријатели.

Јарец (22.12 – 20.01)

Не ви се препорачува зоната на деловен ризик кога не ги познавате околностите толку добро. Внимателно анализирајте го однесувањето на партнерот. Прочитајте нешто меѓу редови, така многу работи ќе ви станат појасни.

Водолија (21.01 – 19.02)

Нема потреба да ги преувеличувате своите знаења или практичните способности пред лицата кои имаат поголемо работно искуство од вас. Во вас постои страв од влошување на односите со партнерот.

Риби (20.02 – 20.03)

Не дозволувајте си да ги преземате обврските од оние кои се извлекуваат, работете ја само својата работа. Партнерот има големо разбирање за вас и вашата сосотојба, па редно време е и вие да му возвратите со разбирање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП