28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАлкалоид АД Скопје продолжува со одлични резултати заклучно со септември 2020 година

Алкалоид АД Скопје продолжува со одлични резултати заклучно со септември 2020 година

Алкалоид АД Скопје за периодот јануари-септември 2020 година оствари единечна нето-добивка на износ од 846.141 илјади денари и во споредба со остварената во 2019 година бележи зголемување за 11%.

Остварената консолидирана нето-добивка во 2020 година изнесува 847.483 илјади денари и во споредба со остварената во 2019 година бележи зголемување за 15%.

Вкупни приходи

Остварените единечни вкупни приходи во периодот јануари-септември 2020 година изнесуваат 7.187.131илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2019 година бележат пораст од 11%. Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 96%, имаат приходите остварени со продажба на производи и на услуги, кои во споредба со остварените во 2019 година бележат пораст од 9%.

Остварените консолидирани вкупни приходи во периодот јануари-септември 2020 година изнесуваат 9.226.036 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2019 година бележат пораст од 10%. Во структурата на вкупните приходи, најголемо учество, 97%, имаат приходите остварени со продажба на производи и на услуги, кои во споредба со остварените во 2019 година бележат пораст од 8%.

Вкупни расходи

Остварените единечни вкупни расходи во периодот јануари-септември 2020 година изнесуваат 6.245.330 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2019 година бележат пораст од 11%.

Остварените консолидирани вкупни расходи во периодот јануари-септември 2020 година изнесуваат 8.235.882 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2019 година бележат пораст од 9%.

Инвестиции

Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари-септември 2020 година изнесуваат 1.178.727 илјади денари и се поголеми за 96% во однос на истиот период од 2019 година.

Во периодот јануари-септември 2020 година во „Алкалоид“ се реализирани 175 нови вработувања во Р.С.Македонија. На крајот на септември 2020 година во „Алкалоид“ во земјата работат 1.822 вработени, додека во друштвата и во претставништвата во странство има вкупно 536 вработени или вкупно 2.358 вработени во групацијата. Со одлука на Управниот одбор на АЛКАЛОИД АД Скопје, во март 2020 година беше одобрен и исплатен регрес за користење годишен одмор на вработените во компанијата, во висина од 29.687 денари бруто, односно 26.718 денари нето.

Неревидиран неконсолидиран Биланс на успех Јануари – Септември 2020

Неревидиран консолидиран Биланс на успех Јануари – Септември 2020

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП