петок, 9 декември 2022
ПочетнаЗДРАВЈЕЗдрава храна против депресија

Здрава храна против депресија

Секој од нас најверојатно доживеал депресивни моменти, нервни состојби и стрес.

Можеби чудно ќе звучи, меѓутоа, сите тие непријатни состојби на свеста можат да се лекуваат со правилна исхрана. Познато е дека одредена храна може да се користи во борбата против депресијата.

Сигурно многумина мислат дека чоколадото е најдобро во победата против депресијата, но доколку го јадете во големи количини, можете да имате други несакани
ефекти.

Првото место во победата против депресијата го зазема пастрмката. Оваа вкусна риба содржи во големи количини витамин Б, што е природен антидепресив, бидејќи го
произведува серотонинот – т.н. „хормон на среќата“.

Бадемот е еден од најдобрите антидепресиви, тој содржи многу важни витамини како што се рибофлавин и витамин Е, цинк и манган.

Брокулата е непроценлива храна која е богата со фолна киселина и помага во борбата против депресијата.

Зелениот чај е полн со антиоксиданси и тој е идеално средство за чистење на телото од хемискиот отпад, освен тоа помага во губење на килограмите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП