20 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕГрав – чувар на здравјето

Грав – чувар на здравјето

Секојдневната консумација на варен грав е поврзана со ниската концентрација на т.н. лош холестерол (ЛДЛ) во крвта.

Канадските научници од Сент Мајкл болницата во Торонто врз основа на следењето на 1.037 испитаници пресметале дека секојдневната конзумација на варен грав или други мешунки се поврзува со пет проценти помалата концентрација на ЛДЛ холестеролот во крвта.

Учесниците во истражувањето на оваа исхрана се придржувале околу шест недели, тие биле средновечни, а се покажало дека мешунките во поглед на контролата на холестеролот биле малку поефикасни кај мажите.

Истражувачите објаснуваат дека зголемениот удел на гравот и другите мешунки во исхраната резултира со намалена конзумација на намирници со поголема количина на масти или со поголем гликемиски индекс.

Покрај, тоа, мешунките се одличен извор на влакна, претеини од растително потекло, витамини и минерали, затоа не ги одбегнувате, консумирајте ги секојдневно.

Поради хранливите и лековитите својства на гравот, кој има широка биолошка и енергетска вредност, тој позитивно делува и при анемија, болест на забите, бронхитис, главоболка, депресија, крварење од носот, пад на имунитетот, несоница, настинка, грип, стрес, хроничен умор, но и болести на срцето.

Интересно е тоа дека гравот има поволни ефекти и врз менталното здравје поради витаминот тиамин кој учествува во производството на енергија и синтезата на ацетилколин, невротрансмитерот за помнење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП