19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМуксес – нов фудбалски геј-клуб во Мексико

Муксес – нов фудбалски геј-клуб во Мексико

Фудбалскиот тим Муксес од Мексико Сити има за цел промовирање на поголема вклученост на ЛГБТ заедницата, сметајќи на огромната љубов на Мексиканците кон најпопуларниот спорт во Латинска Америка.

Муксес е основан пред една година и именуван по домородните трансродови лица кои со векови биле дел од јужномексиканските заедници. Клубот нуди, пред сѐ, простор во спортот за ЛГБТ заедницата, во нацијата од 126 милиони жители.

– Во нашата држава има многу предрасуди!, смета 47-годишниот фудбалер Хесус Трехо.

Муксес имаат црни дресови и лого со роза и фудбалска топка. Нивни спонзори се „Најки“. Основачот Хереми Олета вели дека клубот планира да создаде и женски фудбалски тим, што би било уште поинклузивно.

– Да се ​​игра во ЛГБТ екипа е различно. Никој никого не дискриминира, иако не се сите играчи хомосексуалци, рече 25-годишниот фудбалер Умберто Рамирес.

Во Мексико има повеќе фудбалски ЛГБТ клубови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП