23 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„UBS“ ги удвои профитите и значително ги надмина очекувањата

„UBS“ ги удвои профитите и значително ги надмина очекувањата

Извршниот директор во заминување на „UBS Group AG“, Серхио Ермоти, ја предава големата швајцарска банка во одлична форма. Банката објави нето добивка од 2,1 милијарди долари во третиот квартал. Ова е зголемување за 99 проценти во споредба со истиот период од минатата година. Оперативната добивка достигна 8,9 милијарди долари.

Така, „UBS“ значително ги надмина очекувањата на аналитичарите. Експертите анкетирани од „Bloomberg“ очекуваа просечна нето добивка од 1,5 милијарди долари и оперативна добивка од 7,6 милијарди долари.

„Нашите резултати за третиот квартал покажуваат дека нашата стратегија се разликува од другите бидејќи ние постојано се прилагодуваме и ја зголемуваме брзината на промените“, објаснува Ермоти, еден од банкарските менаџери со најдолг стаж во Европа.

„UBS“ успеа малку да го зголеми вкупниот сооднос капитал во ниво 1, што е показател за солвентноста на банките, во споредба со вториот квартал, од 13,2% на 13,5%. Во исто време, односот трошок и приход значително опадна, од околу 75% на само околу 70%.

Во позадина на добрите резултати, управниот одбор, предводен од Аксел Вебер, во вторникот предложи да се исплати втората транша од дивидендата, која требаше да биде суспендирана за време на кризата со коронавирусот. Банката планира да плати 0,365 долари по акција. Одлуката треба да биде донесена на вонредно генерално собрание кон средината на ноември.

Банката исто така соопшти дека одвоила резерва од 1,5 милијарди долари за откуп на акции. Таа очекува следната година да може да ја продолжи кампањата за откуп на акции, се вели во соопштението.

Ермоти верува дека банката е добро подготвена да го пречека неговиот наследник Ралф Хамерс, кој доаѓа од „ING“ и ќе го замени Ермоти од 1-ви ноември. „„UBS“ има можност да отвори ново успешно поглавје во својата историја под раководство на Ралф“, вели Ермоти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП