28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMitsubishi гради електрана на ветер во Холандија

Mitsubishi гради електрана на ветер во Холандија

windrows

Корпорацијата Митцубиши ( Mitsubishi Corp.) го потврди договорот со холандската компанија Енеко (Eneco), за заедничко вложување во изградбата на фабрика за производство на енергија врз база на турбини придвижувани од ветер, кои се наоѓаат на брегот на Холандија.

Двете компании заедно ќе управуваат со новоизградената фабрика, а Митцубиши ќе откупи 50 проценти од акциите на Лутердинен, која се наоѓа на 23 километри оддалеченост од градот Њујорк  и која ќе има производен капацитет од 130 мегавати, врз база на повеќе од 40 турбини на ветер.

Фабриката за ветрогенератори ќе започне да произведува струја од 2015 година, пренесува јапонската компанија Кјодо.

Од јапонската компанија изјавуваат дека очекуваат производството од електраните на ветер, во кои ќе бидат вложени помеѓу 40 и 45 милијарди јени (335-337 милиони евра), да биде еквивалентно на комбинираната потрошувачка на енергија која ја користат 150,000 домаќинства.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП