24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Amazon“: Малите трговци генерираа 3,5 милијарди долари во „Prime Day“

„Amazon“: Малите трговци генерираа 3,5 милијарди долари во „Prime Day“

Според „Amazon“, малите и средни компании кои ја продаваат својата стока на најголемата онлајн малопродажба оствариле приход од над 3,5 милијарди долари за време на „Prime Day“. Ова одговара на пораст од 60 проценти во споредба со настанот од претходната година, пренесува „CNBC“. Сумата е рекордна за таканаречените „трети лица“ кои имаат право да ја пласираат својата стока на платформата.

Компанијата, која не ја откри вкупната продажба на „Prime Day“, соопшти дека продажбата на трети лица пораснала дури и повеќе од малопродажниот бизнис на „Amazon“.

„Prime Day“, кој започна во 2015-та година, стана еден од најважните малопродажни и маркетинг настани на компанијата. Тоа овозможува нови претплатници на „Prime“ и и овозможува на „Amazon“ понатаму да ги промовира своите производи и услуги.

Годинашниот „Prime Day“ беше невообичаен, бидејќи пандемијата на коронавирусот ја принуди „Amazon“ да го одложи настанот од средината на јули за октомври. Новиот тајминг практично значи дека сезоната на празничен шопинг ќе започне порано од кога било. Другите големи трговци го следеа примерот на „Amazon“ и ги започнаа своите промоции за попусти овој месец.

Опсегот на производи на „Amazon“, „Echo“, „Ring“, „Eero“ и приватната етикета обично е значително намален во цената за време на „Prime Day“. „Amazon“ соопшти дека неговиот помал и поевтин паметен звучник „Echo Dot“ активиран со глас е најпопуларниот производ во оваа година. Во 2020-та година, „Prime Day“ се одржа во 20 земји.

Но, на настанот се виде и активно учество на повеќе од 2,3 милиони мали и средни бизниси, кои го сочинуваат онлајн пазарот на „Amazon“. Во 2019-та година, трети страни продавачи остварија приход од повеќе од 2 милијарди долари за време на „Prime“. Најпродаваните категории оваа година за трети продавачи вклучуваат постелнина, додатоци за мобилни уреди, исхрана и велнес, уметност и занаетчиство и здравствена заштита, соопшти „Amazon“.

Овие продавачи имаат огромно значење за „Amazon“, сочинувајќи околу 58% од вкупната продажба на компанијата. Со овој удел, се чини дека „Amazon“ генерира најмалку 7 милијарди долари во продажба за време на годинашниот „Prime Day“. „JPMorgan“ предвидува дека овогодинешниот настан може да оствари приход од 7,5 милијарди долари, додека „eMarketer“ очекуваше продажба од скоро 10 милијарди долари.

Се очекува мега продажбите да и помогне на компанијата да забележи рекорден четврти квартал. Во комбинација со продажба за празници, „Amazon“ се очекува да надмине 100 милијарди долари во квартален приход во четвртиот квартал за прв пат во својата историја, според аналитичарите анкетирани од „FactSet“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП