3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПремиера на моделот „OnePlus 8T (ФОТО/ВИДЕО)

Премиера на моделот „OnePlus 8T (ФОТО/ВИДЕО)

Компанијата „OnePlus“ официјално го претстави својот најнов премиум телефон – „OnePlus 8T“, кој пристигнува со неколку поголеми надградби.

Една од главните карактеристики на „OnePlus 8T“ телефонот е поддршката за новиот „Warp Charge 65“, кој што ја полни батеријата до максимум за 39 минути. Батеријата има капацитет од 4.500mAh, а 12-те сензори за температура обезбедуваат безбедна работа. Полначот има „USB-C“ порт, а покрај „Warp Charge“ го поддржува и „USB Power Delivery“ стандард до 45W, па брзо може да се полнат и лаптоп, „Nintendo Switch“ или некој друг уред.

Другата голема измена на смартфонот е екранот, кој сега пристигнува со стапка на освежување од 120Hz како кај „OnePlus 8 Pro“ моделот. Панелот и натаму е 6,55-инчен „AMOLED“ екран со 1080p+ резолуција. Екранот има прецизен приказ на бои и максимално осветлување до 1.000 нита (со новиот AI што флуидно врши подесувања помеѓу 8.192 нивоа на осветлување).

Ова и првиот „OnePlus“ телефон кој има „Always On Display“ режим, а комопанијата инсталираше 11 различни дизајни за овој дисплеј. За дополнителни прилагодувања, „AI“ алгоритамот ќе ги избере најдобрите портрет снимки од „Gallery“ и ќе ги понуди како „Always On Display“ позадина.

„OnePlus 8T“ го покренува чипсетот „Snapdragon 865“, што овозможува побрзо вчитување благодарение на надградбата на „UFS 3.1“. Тука се и капацитетите од 128GB и 256GB, како и 8GB и 12GB RAM меморија. Оперативниот систем од самиот старт е „Android 11“.

Кога се во прашање камерите, смартфонот пристигнува со 48MP IMX586 главен сензор, 16MP ултраширока камера, како и 5MP макро и 2MP сензор за длабочина. Видео камерата добива сопствен „Portret“ режим, а благодарение на „AI“ алгоритмот може да детектира луѓе и да ја заматува позадината зад нив. Преработен е и „Nightscape“ режимот за производство на поживописни бои и почисти детали.

„OnePlus 8T“ ќе биде достапен во „Aquamarine Green“ и „Lunar Silver“ бои, а најпрвин ќе се појави на пазарот во Индија. Во Европа телефонот пристигнува од 20-ти октомври, по цена од 600 евра за 8/128 GB модел и 700 евра за 12/256 GB верзија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП