3 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 13.10.2020

Дневен хороскоп 13.10.2020

Овен (21.03 – 20.04)

Не сте подготвени за нови потфати бидејќи имате уште многу стари, недовршени обврски. Во љубовта можно е да бидете малку разочарани од саканото лице од кое очекувавте повеќе.

Бик (21.04 – 21.05)

Понекогаш лесно се дистанцирате од деловните обврски и едноставно лутате со мислите. Ќе имате некој нерешен проблем. Во љубовта уживате во вниманието кое го добивате од личноста со која сте започнале љубовна авантура.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Обидете се да го поправите односот со некои соработници, за деловната атмосфера генерално да биде подобра. Можно е саканото лице да очекува ваше извинување, внимавајте како ќе постапите.

Рак (22.06 – 22.07)

Може да очекувате дека на деловен план ќе ви се случат некои мали промени. Во љубовта доколку премолчите нешто што ви пречи, саканото лице нема да биде свесно за проблемот кој постои во вашата врска.

Лав (23.07 – 22.08)

Надредените нема баш лесно да одобрат некој прокет кој сте го предложиле. Можно е да треба повторно да ги убедувате. Во љубовта ќе ви биде потребно време да размислите како понатаму.

Девица (23.08 – 22.09)

Сфативте дека повеќето работи морате да ги одработите сами иако се надевавте на помош. Во љубовта можете да очекувате дека со саканото лице ќе имате добар однос, односно ќе уживате заедно.

Вага (23.09 – 22.10)

Неповолен ден за промени, патувања, сообраќај и трговија. Најдобро е да бидете статични денес. Во љубовта можно е да се ближи прекин на односот кој не ве исполнува емотивно.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Ќе се сретнете со мали компликации на деловното поле, но некој колега многу ќе ви помогне. Во љубовта можно е да настапи период во кој многу лесно ќе се одалечите од својот партнер.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ве очекува прилика да остварите значителен напредок на полето за работа. Слободните ќе се впуштат во страствена врска со лице кое од неодамна го познаваат.

Јарец (22.12 – 20.01)

Ако планиравте да започнете со некои промени на вашиот деловен пат, денешниот ден е многу поволен за тоа. Доколку сте во емотивна врска со лице родено во земјен знак, пред вас е добар ден.

Водолија (21.01 – 19.02)

Доколку планирате да се занимавате со некои приватни и формални прашања, пред вас е многу позитивен ден. Во љубовта сакате некои случувања и доживувања на полето за емоции, самотијата ви здосадила.

Риби (20.02 – 20.03)

Можете да очекувате дека ќе имате трошоци во текот на денешниот ден, но ништо значајно. Во љубовта ќе имате некои мали проблеми во комуникацијата со саканото лице, но со доволно трпение се ќе решите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП