Новиот анимиран филм на „Пиксар“, „Соул“, кој требаше да се појави во кината во ноември, наместо тоа ќе дебитира на стриминг-сервисот „Дизни плус“ на Божиќ, соопшти „Волт Дизни ко“ во четвртокот.
Анимираната комедија ќе игра во киносалите само на пазарите каде што „Дизни плус“ не е достапен во моментов или нема да биде наскоро, се вели во соопштението на компанијата.


