„Apple“ покрена тужба против „GEEP Canada“, тврдејќи дека компанијата препродала повеќе од 100.000 таблети, паметни телефони и часовници наместо да ги расклопува и рециклира. Фактот дека околу 5,3 тони уреди ги напуштија капацитетите на компанијата без да бидат расклопувани, го потврдува „GEEP“.
„Apple“ ги откри неправилностите откако прегледа повеќе од 500.000 уреди помеѓу 2015-та и 2017-та година, а 18% од уредите наменети за рециклирање сè уште беа поврзани на мобилната мрежа. Ова не ги вклучува оние кои имаат само „Wi-Fi“ пристап, што значи дека вкупниот број е уште поголем.

