26 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАНовиот Бонд одложен за 2021

Новиот Бонд одложен за 2021

Дури и 007 не може да спаси тажна година за Холивуд.

Новиот филм за Џејмс Бонд, „No time to die“, е уште еден во низата блокбастери чие прикажување е одложено за следната година, додека филмската индустрија се бори да се врати назад во бизнис среде пандемија на Ковид-19.

Со одлагањето на Бонд, единствениот хит кој сè уште остнува на распоредот за 2020 година е Wonder Woman 1984, и треба да дебитира во декември на Божиќ. Другите високобуџетни филмови, вклучувајќи го „Црната вдовица“ на Марвел и продолжението на „Топ Ган“, исто така се одложени за следната година.

Премиерата на новиот во серијалот филмови за славниот таен агент 007 „No time to die“ во кој Даниел Крег по петти и последен пат ќе го игра агентот 007, е закажана за 2 април 2021 година.

Одлуката за одложување на филмот се должи на коронакризата и зголемениот број на случаи во Њујорк и Лос Анџелес, како и во Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП