4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООлимпијадата во Лондон со приход од 15 милијарди долари

Олимпијадата во Лондон со приход од 15 милијарди долари

oi

Олимпијадата во Лондон во 2012-та година и донела на економијата на Велика Британија приход од 15 милијарди долари, соопштуваат медиумите на Островот, повикувајќи се на извештајот на локалната власт.

Предвидувањата се дека за Игрите во 2020-та ќе има уште повеќе сериозни приходи, а тогаш домаќинот се очекува да прибере над 60 милијарди.

Главениот извор на приходи се странските инвестиции, како и продажба на стоки и услуги поврзани со Олимпијадата. Владата очекува експлоатацијата на објектите од инфраструктурата кои се изградени за манифестацијата, да продолжат да носат приходи.

Според друго истражување пак, 41 процент од жителите на Велика Британија сметаат дека Олимпијадата е остварена благодарение на нивните пари. Од нив 30 проценти се убедени дека инвестициите не се оправдани.

Износот одвоен за организација и спроведување на Олимписките игри е околу 14 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП