21 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGoogle заработи 12.1 милијарди долари од огласување!

Google заработи 12.1 милијарди долари од огласување!

google-ads

Google ги објави финансиските резултати за вториот квартал од 2013 година.

Тие пријавија вкупно 14.11 милијарди долари приходи (зголемување од 19% во споредба со истиот период минатата година), од кои 12,1 милијарди се директно од услуги за огласување. Оперативната добивка е импресивна и изнесува 3.23 милијарди долари, во споредба со минатата година кога изнесувала 2.79 милијарди долари.

Уделот на приходите од Моторола во вкупните приходи не е занемарлива (998 милиони долари), но овој сегмент забележа загуба од 342 милиони долари.

Меѓу другите интересни факти споменати во соопштението, наведено е дека Google во моментов има околу 900 милиони активни уреди на Android со раст од околу 1,5 милиони дневно, а Play Store бележи рекорд со над 50 милијарди преземања на апликации до денес. Тие, исто така, најавија дополнителни инвестиции во Google Glass, Google Fiber (воведување на фибер оптика во домаќинствата во САД), и нови Моторола производи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП