8 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПрви фотографии од новите „BMW M3“ и „M4“ (ФОТО)

Први фотографии од новите „BMW M3“ и „M4“ (ФОТО)

На Интернет се појавија првите официјални фотографии од двата модели на „BMW“ со високи перформанси, пред светската премиера на овие автомобили.

Дека премиерата на „BMW M3“ и „M4“ е многу близу, сведочат и фотографиите кои, веќе традиционално, „случајно“ се појавуваат на интернет како најава за официјалната премиера на некој нов модел.

Очекувано, двата автомобили, имаат нов дизајн на предниот дел, кој баварскиот производител го претстави на моделот „Serieѕ 4 Coupe“, a чија главна одлика се големите „бубрези“ на решетката на ладилникот.

Сепак, најважните детали на овие два модели е моторизацијата.

Најавено е дека „M3“ и „M4“ ќе ги користат истите бензински погонски единици од моделите „X3 M“ и „X4 M“.

Станува збор за 6-цилиндарски 3.0-литарски твин-турбо мотор кој произведува 479 KS (352 kW) и 600 Nm.

Во понудата би требало да се најде и верзијата „Competition“ со нешто помоќен мотор од 510 KS (375 kW).

Моќта се пренесува на сите тркала со помош на 8-степениот автоматски менувач, но и натаму ќе биде достапна и опцијата со погон на задните тркала и 6-брзински мануелен менувач.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП