29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕШто да се јаде по 40-тата година и да се слабее?

Што да се јаде по 40-тата година и да се слабее?

Четириесет годишната возраст е една од најважните граници во животот кога процесите во телото се менуваат, па затоа се препорачуваат неколку совети за намалување на килограмите.

Доколку сте наполниле 40 години и сметате дека е време за слабеење, треба да се внимава на тоа што се јаде, бидејќи процесите во телото се одвиваат на малку поинаков начин отколку досега.

Организмот е поподложен на кардиоваскуларни болести и холестерол, па затоа метаболизмот треба да се зајакне со исхраната.

За почеток, водата е најважен дел од здравата исхрана во овие години, посебно ако успеете да престанете со пиење на газирани пијалоци. Во тој случај годишно ќе загубите и по килограм и пол повеќе од оние кои продолжуваат со конзумирање на газирани пијалоци.

Житарките треба да ја заменат вообичаената ужина, бидејќи се одличен меѓуоброк полн со влакна. На тој начин ќе загубите повеќе маснотии при вежбањето.

Ленот е полн со влакна и здрави маснотии кои го стабилизираат нивото на шеќерот во крвта, а поради високото
количество на естроген помага и при хормонски проблеми. Оревите се богати со омега-3 масни киселини.

Лутите јадења влијаат на намалување на нивото на инсулин, кој е одговорен и за нивото на мастите. Циметот треба да го замени шеќерот, бидејќи во половина лажичка цимет има само 16 калории.

Како десерт се препорачува црно чоколадо со повеќе од 70 отсто какао, бидејќи има многу помалку јаглени хидрати и шеќер од обичното чоколадо и многу повеќе железо и влакна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП