5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИKamaz го зголеми профитот

Kamaz го зголеми профитот

kamaz1

Во првата половина од 2013 година, нето профитот на рускиот производител на камиони „Kamaz“ бил 2,43 милијарди рубљи (57 милиони евра), што е за 11,1 процент повеќе отколку во првите шест месеци лани.

Според податоците на компанијата, кои ги пренесува „Finmarket.ru“, приходите се намалени за 2,2 проценти, на 53,52 милијарди рубли, од 54,72 милијарди рубљи во првата половина на 2012 година.

Профитот пред оданочувањето е зголемен за 11,9 проценти и достигна 3,2 милијарди рубљи, во однос на 2,86 милијарди рубљи во првата половина од минатата година.

Трошоците на компанијата се намалени за 2,3 проценти, на 45,93 милијарди рубљи во споредба со 47-те милијарди рубљи од минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП