23 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗРадикално поразличен: Пристигна новиот „Hyundai Tucson“ (ФОТО/ВИДЕО)

Радикално поразличен: Пристигна новиот „Hyundai Tucson“ (ФОТО/ВИДЕО)

„Hyundai“ ги објави фотографиите и техничките детали од новиот „Tucson“ кој веќе на прв поглед значително се разликува од актуелната верзија на овој модел.

Корејскиот производител се одлучи револуционерна стилска интервенција на „Tucson“, која ќе предизвика поделени реакции кај љубителите на автомобили, во секој случај, нема да ги остави рамнодушни.

Предниот дел од автомобилот ќе го краси специфична маска во која се вклопени „LED“ светлосните групи, па така заедно претставуваат една целина.

Ваквото решение изгледа модерно и футуристички, па „Tucson“ ќе го привлекува вниманието на минувачите по улиците.

Страните на автомобилот исто така изгледаат невообичаено, со остри рабови и многу прекршени линии.

Задниот дел стилски е помалку радикален, но се вклопува во новиот дизајнерски концепт на корејската компанија.

Внатрешноста открива дека дизајнерите и тука се потрудиле да внесат новитети, а општиот впечаток е дека „Tucson“ сега значително полуксузен, барем на промо-фотографиите на кои е прикажана верзија со богата опрема.

На командната табла очекувано доминира голем екран од мултимедијалниот систем со дијагонала од 10,25 инчи, додека интрумент таблата е исто така дигитализирана, со опција на аналогно прикажување на брзинометарот и обртомерот.

„Hyundai“ на минимум го намали присуството на физички копчиња, па командите на клима-уредот се чувствителни на допир.

Новиот „Tucson“ има димензии 4.500/1.865/1.650 mm, додека меѓуосовинското растојание е 2.680 mm. Во превод, автомобилот е нешто подолг, поширок и повисок од претходникот, а поголемо е и растојанието меѓу осовините (+10 mm).

Зголемен е и просторот во багажникот, па во зависнот од погонот тој има зафатнина од 546 дo 620 литри (со подигнати задни седишта), додека со нивно навалување може да се зголеми од 1.725 до 1.799 литри.

Што се однесува до моторизацијата, таа е многу развовидна и опфаќа безинци, дизели, „благи“ хибрди, како и класична хибридна, но и „plug-in“ хибридна верзија.

Бензинците ги застапува 1.6-литарскиот „T-GDI“ со 150 KS и 6-брзински мануелен менувач, а купувачите може да нарачаат верзија со преден или погон на сите четири тркала.

Дизел верзијата користи 1.6-литарски „CRDi“ со 115 „коња“, исклучиво со преден погон и исто така 6-брзински мануелен менувач.

Покрај нив, тука се и трите 48-волтни „благи“ хибриди, два со бензински и еден со дизел мотор, најмоќниот располага со 180 KS, додека во зависност од везијата, моќта се пренсува на предните или на сите 4 тркала со помош на 6-брзински мануелен или 7-степен автоматски менувач со двојно квачило.

Класичниот хибрид е заснован на 1.6-литарски „T-GDI“ бензинец на кој му помага електромотор од 60 KS (44,2 kW), додека литиум-јонската батерија има капацитет од 1,49 kWh, а менувачот е автоматски со 6 степени на пренос.

Вкупната моќ на хибридниот систем е 230 KS, a максималниот вртежен момент изнесува 350 Nm. Купувачите ќе може да изберат помеѓу опцијата со преден погон и со погон на сите четири тркала.

„Hyundai“ најави и „plug-in“ хибрид, кој исто така има 1.6-литарски „T-GDI“, но засега нема повеќе детали за оваа верзија.

Како и неговиот претходник и новиот „Tucson“ ќе се произведува во фабриката Ношовице во Чешка, а во продажните салони ќе пристигне до крајот на годината.

„Plug-in“ хибридната верзија и верзијата со „N-Line“ опрема се планирани за почетокот на 2021-ва година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП