24 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕГи имате овие проблеми? Еве како да ги излекувате со помош на...

Ги имате овие проблеми? Еве како да ги излекувате со помош на храната…

Дали знаевте дека во борбата против депресијата, неплодноста и проблемите со концентрацијата може да ви помогне токму паметниот избор на храната која ја внесувате?

Ако ве мачи лошо расположение, кршлива коса или проблеми со кожата, не мора веднаш да посегнувате по таблетите.

Тајната на здравиот живот лежи во правилната комбинација на храна во вашата чинија. Проблемите со опаѓањето на косата, на пример, може да бидат предизвикани од недостаток на цинк, железо и протеини, а тие во нашето тело не се внесуваат само преку таблетите туку со правилна и здрава храна.

Депресија

Проблемите со расположението и недостатокот на концентрација лежат во недоволната количина на витамин Д во организмот. Квасецот, двопекот, тестото, грашокот, гравот, спанаќот, лососот и општо рибните производи се тие кои го подигаат нашето расположение. Освен тоа, смоквите и бананите се исто така познати како „Mood food”.

Плодност

Пред и за време на бременоста жените треба да јадат што е можно повеќе храна која содржи витамини А (црвен и зелен зеленчук), E (растително масло) и B12 (месо, риба, јајца) како и фолна киселина. За да ги придвижат сперматозоидите, мажите треба да внесуваат што повеќе цинк (месо и морски плодови), кој го поттикнува создавањето на хормонот тестостерон.

Губење на сексуалната желба

Витамините E, C, калциумот и магнезиумот се клучни за создавањето и управувањето со сексуалните хормони. Овошјето (пред се бобинките), аспарагусот, млечните производи и лешниците се познати по своето афродизиско дејство.

Концентрација

Колинот е познат како обновувач на нервите, а се наоѓа во јајцата, лососот и брокулата. Помагаат и витамините B1 (млеко, живина), омега-3 масните киселини и антиоксидантите како портокали, пиперки, лешници и маслиново масло, затоа што ја подобруваат и поттикнуваат комуникацијата помеѓу мозокот, мускулите и нервите.

Коса и кожа

Кромидот, житните производи, јачменот и ротквицата содржат цела палета витамини, калциум и хранливи состојки кои го зајакнуваат коренот на косата и ја прават цврста и сјајна. Не ги избегнувајте, туку обидете се да ги вметнете што почесто во вашето мени. Надворешната убавина – доаѓа од внатре.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП