Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 12,600.00 0.8%    GRNT 1,006.66 0.26%    KMB 6,888.28 1.97%    MTUR 3,900.00 -2.5%    REPL 87,000.00 2.62%    STB 1,167.91 -1.22%    TETE 1,946.00 2.96%    TTK 1,350.00 2.27%    UNI 2,400.00 0%    ZPKO 2,575.00 3%    

Opel продолжува со развојниот план и има нов бизнис модел во Србија, Црна Гора, Северна Македонија и Албанија

Време: 11:31

Датум: септември 10, 2020

Категорија: АВТОБИЗ

* Компанијата ЕУРОИМПЕКС е именувана за нов импортер во пет земји во регионот

* Opel таргетира одржлив пораст во регионот

* Уште еден многу важен чекор во имплементација на PACE! стратегискиот план

Риселсхајм. Opel продолжува да ја развива својата бизнис стратегија на одредени пазари во Европа, објавувајќи го новиот важен соработник за Србија, Црна Гора, Косово, Албанија и Северна Македонија. Со цел да се постигне саканиот пораст во регионот, производителот донесе одлука бизнисот во овие неколку земји да го довери на веќе добро познатата и успешна компанија Еуроимпекс како почитуван локален независен увозник и соработник. Основана во 1990 како мала компанија со тројца вработени, за трите децении на своето постоење Еуроимпекс оствари сериозно голем развој во последните три декади каде покрај Peugeot го превзема работењето и на Opel..

Договорот е веќа потпишан. Со завршниот дел од оваа трансакција, Еуроимпекс станува генерален увозник за Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија. Сите вработени лица во канцеларијата на Opel одговорни за овие пазари, согласно законите ќе бидат превземени од компанијата најдоцна на денот на завршување на трансакцијата.Оваа трансакција и лансирањето на новиот бизнис модел, ќе бидат активирани по официјалното одобрување од надлежните инситуции за заштита на конкуренцијата.

„Ова е уште една одлука во согласност со нашиот PACE! стратегиски план што ќе придонесе нашите продажни планови во земјите, да бидат поагилни, ефикасни и согласно истото, поконкурентни,“ изјави г-динот Хавиер Дукемин, Извршен директор за продажба, пост-продажба и маркетинг во Opel/Vauxhall. „Длабоко сме уверени дека по оваа одлука нашиот бренд ќе има многу подобри резултати во Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија.“

Компанијата Еуроимпекс ја започна соработката со Peugeot брендот во 1992 година, и стана увозник за овој бренд во 1994 година. Еуроимпекс е увозник за Peugeot за сите 5 пазари на Балканот веќе пет години. Од почетокот на оваа соработка, повеќе од 20.000 возила на Peugeot се продадени.

Opel продал околу 2.500 возила во Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија во 2019 година и предвидува раст на брендот во годините кои следат.

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • „Taycan“ е веќе најпродаваното „Porsche“ во Европа

    „Taycan“ е веќе најпродаваното „Porsche“ во Европа

    Првиот електричен автомобил на „Porsche“, седанот „Taycan“, е најуспешниот модел на марката на пазарот во Европа. Во август се продадени 1.183 примероци, што е за…

  • „Renault“ ќе понуди хибридно крос-купе во Европа

    „Renault“ ќе понуди хибридно крос-купе во Европа

    Францускиот бренд „Renault“ реши да ги израдува своите обожаватели во Европа нудејќи им го купе кросоверот „Arkana“, кој беше развиен за пазарот во Русија и…

  • Први фотографии од новите „BMW M3“ и „M4“ (ФОТО)

    Први фотографии од новите „BMW M3“ и „M4“ (ФОТО)

    На Интернет се појавија првите официјални фотографии од двата модели на „BMW“ со високи перформанси, пред светската премиера на овие автомобили. Дека премиерата на „BMW…

  • Светска премиера на новата Opel Mokka

    Светска премиера на новата Opel Mokka

    • Извршниот директор на Opel, Мајкл Лохшелер, ја претстави новата Mokka • Цената на новата генерација започнува од 19.990 ерва во Германија • Новата Mokka…

  • Не пропуштајте: Утре е светската премиера на новата Opel Mokka

    Не пропуштајте: Утре е светската премиера на новата Opel Mokka

    Бидете присутни дигитално: прес-конференција со шефот на Opel, Мајкл Лохшелер, во 13 часот Целосна програма: сите цени, сите нивоа на опременост, сите технички детали Од…

  • Возење на метан: „Audi A3 Sportback 30 G-Tron“ (ФОТО)

    Возење на метан: „Audi A3 Sportback 30 G-Tron“ (ФОТО)

    Покрај течниот гас, метанот (CNG) e уште една погонска опција која на возачите им овозможува заштеда, а и помага и на природата благодарејќи на помалата…

  • „Ferrari“ го модернизираше својот најдостапен модел (ФОТО/ВИДЕО)

    „Ferrari“ го модернизираше својот најдостапен модел (ФОТО/ВИДЕО)

    Италијанскиот производител „Ferrari“ го обнови најприфатливиот модел во својата гама – купе-кабриолетот „Portofino“. Промените во возилото се главно во техничкиот дел, бидејќи тој доби додаток…

  • „Mercedes“ го покажа својот прв камион на водород (ВИДЕО)

    „Mercedes“ го покажа својот прв камион на водород (ВИДЕО)

    Германската компанија „Dailmer“ го претстави „Mercedes-Benz GenH2“ – првиот камион на брендот со водороден погон. Моделот дебитираше како концепт, а сериското производство ќе започне во…

  • Колку ќе чини новата „Mercedes S Сlasѕ“?

    Колку ќе чини новата „Mercedes S Сlasѕ“?

    „Mercedes“ на почетокот на септември ја претстави новата генерација на „S Сlasѕ“, a сега се познати и цените на овој автомобил на германскиот пазар. Оние…

  • Британците тврдат: Млад хрватски претприемач се подготвува да го преземе Bugatti

    Британците тврдат: Млад хрватски претприемач се подготвува да го преземе Bugatti

    Групацијата Volkswagen наводно би сакала да се ослободи од производителот на луксузни спортски автомобили Bugatti, а како можен купувач, со кого наводно преговорите веќе отишле…