3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗШто се може да направи автопилотот на Тесла?

Што се може да направи автопилотот на Тесла?

Компанијата “Tesla” ја објави најновата софтверска надградба која го подобрува автоматското возење.

Камерата на ова возило може да го детектира знакот за ограничување на брзината, така што ќе биде прикажан на контролната табла, а има и сензор за препознавање на семафорите, знакот стоп и слично, што ќе им помогне на возачите додека возат.

Она што е важно да се забележи е дека возачот ќе добие известувања, но сам ќе донесе свои одлуки за стартување и запирање на автомобилот. На нашите улици сме доживеале „спиење“ на зелено светло, поминување на црвено од невнимание и слично, така што овој систем би бил исклучително корисен во тие ситуации.

Во април, Тесла објави софтверска надградба во бета верзија што им овозможува на поновите модели да препознаваат сообраќајни знаци и семафори.

Функцијата “Traffic Light and Stop Sign Control” е достапна на возилата на Тесла со верзијата на втомобилот со „целосно самостојно возење“, а кога е активирана, го успорува автомобилот и го запира на знакот „стоп“ или во случај на црвено светло на семафорот.

Извршниот директор на Тесла, Илон Маск, ја најави оваа функција уште во 2018 година, велејќи дека автомобилите ќе можат да излезат од гаражата и да паркираат без помош на возачот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП