28 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„KTM“ подготвува електpичен „супербајк“

„KTM“ подготвува електpичен „супербајк“

Помина една деценија од лансирањето на „KTM RC8“ моделот, австрискиот одговор кога станува збор за „супербајк“ модел. Иако мотоциклот имаше свои моќни страни, никогаш немаше доволно добри продажни резултати.

Како што пренесуваат медиумите, во овој момент, на компанијата и недостасува „супербајк“ во понудата, и покрај „нејкед“ моделот „1290 Super Duke R“, директниот наследник на „RC8“ проектот.

Дефинитивно е време „KTM“ да се врати во „супербајк“ сегментот, а од компанијата јасно порачаа дека таков потег не ги интересира. Единствен од сегментите во кој реномираниот производител се повеќе е присутен е електричниот. Тоа не доведува од овие концептни креации на индискиот дизајнер Мохит Соланки, кој замислил како би изгледал електричниот „супербајк“ на „KTM“.

Неговиот дизајн е единствен и вклучува голем број на интересни карактеристики, кои и тоа како се привлечни. Особено ни се допаѓа едностраната вилушка, која е заслужна за целосно новиот изглед на оваа машина.

Задната подрамка го носи резервоарот за гориво, а заедно со седиштето создава празнина долж средниот дел на мотоциклот.

Соланки се одлучил за препознатливите суспензии на „KTM“, како и сопирачките, а прикажа и интересни идеи во смисла на дизајнот на бандажите и ергономијата.

Во целост, изгледот е во склад со дизајнерскиот јазик на „KTM“ и како краен резултат носи електричен мотоцикл кој не изгледа како да е дел од некој научно-фантастичен филм. Се надеваме дека „KTM“ еден ден ќе донесе достоен наследник на „RC8“, a кој знае, можеби тој и да биде на електрична енергија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП