23 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИ„OnePlus“ сега сака удел во пазарот на буџетски телефони

„OnePlus“ сега сака удел во пазарот на буџетски телефони

Во некои убави времиња, кои сега се зад нас, „OnePlus“ нудеше премиум телефони по цена која е значително пониска од онаа која другите компании ја бараа за своите премиум уреди.

Со претставувањето на „OnePlus Nord“ моделот, јасна е разликата меѓу телефоните на компанијата од средниот и горниот сегмент.

Неодамна се појавија гласини за тоа дека „OnePlus“ подготвува барем три телефони од средниот сегмент, но изгледа сега покажува и интерес за буџетскиот сегмент на пазарот. Според информациите се очекува телефонот на „OnePlus“ да го користи процесорот „Snapdragon 460“.

Во моментов ништо не се знае за овој телефон, а само две караткеристики можеа да се наслушнат во овој момент. Tоа е споменатиот „Snapdragon 460“ чипсет, кој е наменет за „LTE“ телефоните, што значи дека идниот модел на компанијата „OnePlus“ ќе биде понуден на пазарите каде се уште нема „5G“ мрежа. Покрај тоа, со оглед на верзијата на чипсетот, уредот би требало да има цена под 250 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП