6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNokia претрпе голем пад на продажбата

Nokia претрпе голем пад на продажбата

nokia1

Финската компанија „Nokia“ денес соопшти дека продажбата на некои мобилни телефони во вториот квартал паднала за 24 проценти, поради што е забелажана нето загуба од 227 милиони евра. Во вториот квартал на 2012 година финскиот гигант претрпе загуба од 1,41 милијарди евра.

Вкупниот приход од продажба во вториот квартал оваа година бил 5,7 милијарди евра, а во истиот период лани 7,5 милијарди евра.

Продажбата на мобилниот телефон „Lumia“ е зголемена за 32 проценти во споредба со првиот квартал и на пазарите се испорачани 7,4 милиони апарати.

Овие резултати се послаби од очекувањата на аналитичарите. Вредноста на акциите на финската компанија падналa за три проценти, на 2,99 евра по акција на берзата во Хелсинки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП