25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОпадна профитот на Philip Morris

Опадна профитот на Philip Morris

cigari1

Американскиот производител на цигари „Philip Morris“, соопшти дека профитот на компанијата во вториот квартал се намалил за осум проценти поради намалената испорака на цигари.

Како што наведува „Philip Morris“, компанијата во вториот квартал заклучно со 30 јуни остварила профит од 2,12 милијарди долари, или 1,30 долари за акција, што претставува пад во споредба со 2,32 милијарди долари или 1,36 долари за акција од истиот период минатата година, пренесува агенцијата АП.

Кога ќе се исклучи данокот на промет, приходите се намалени за 2,5 проценти на 7,9 милијарди долари, и покрај повисоките цени.

Испораката на цигари е намалена во сите региони за четири проценти на 228,9 милијарди цигари, а као причина за падот на испораката во ЕУ се наведуваат економските потешкотии во тој регион и зголемувањето на акцизите.

Компанијата, исто така, ја намали прогнозата за профитот за оваа година поради неповолниот девизен курс, кој ги загрози кварталните резултати.

Оваа компанија е вториот најголем производител на цигари, а од неа е поголема само кинеската државна компанија „China National Tobacco“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП