25 јуни, 2025
ПочетнаАВТОБИЗ„Audi“ ги покажа новите „S3 Sportback“ и „S3 Sedan“ (ФОТО)

„Audi“ ги покажа новите „S3 Sportback“ и „S3 Sedan“ (ФОТО)

Компанијата од Инглоштад минатата недела ги претстави спортските верзии на своите два компактни модели.

Новата генерација на „Audi A3 Sportback“ и „A3 Sedan“ ги доби своите „S“ верзии, кој веќе на прв поглед се разликуваат од регуларните „тројки“ по агресивниот дизајн на надворешноста.

Сепак, тоа што им е најважно на купувачите на овие „Ѕ“ модели се крие под хаубата.

Станува збор за 4-цилиндарски 2.0-литарски турбо-бензинец со 310 KS (228 kW) и 400 Nm максимален вртежен момент.

Моќта кај двата модели се пренесува на сите 4 тркала со помош на 7-брзински „S Tronic“ автоматски менувач и „Quattro“ погон.

Од место до „стотка“, „Audi S3 Sportback“ и „S3 Sedan“ забрзуваат за само 4,8 секунди, пред да ја достигнат максимално ограничената брзина од 250 km/h.

„S“ верзиите на двата компактни модели на „Audi“ имаат за 15mm пониска суспензија во одност на стандардните модели, а фабрички се испорачуваат со 18- инчни алуминиумски бандажи, додека „деветнаестките“ се достапни како дополнителна опција.

Меѓу опциите се и „LED“ фарови со 15 индивидувални „LED“ сегменти во секој.

Оние кои сакаат да потрошат повеќе пари на својот „Ѕ3“ можат да порачаат и „S Sport“ систем за суспензија.

„Audi S3 Sportback“ и „S3 Sedan“ ќе пристигнат во европските продажни салони до крајот на август, а првите испораки на купувачите се најавени за октомври.

„S3 Sportback“ во Германија ќе чини од 46.302 eвра, додека за „Sedan“ се потребни од 47.179 eвра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар