19 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Audi RSQ8-R by ABT“ за 125 најсреќни купувачи (ФОТО/ВИДЕО)

„Audi RSQ8-R by ABT“ за 125 најсреќни купувачи (ФОТО/ВИДЕО)

„ABT“ идната година ќе слави 125 години од своето постоење, а во таа чест одлучи да награди 125 најсреќни купувачи со моделот „RSQ8-R“.

Серискиот модел „Audi RSQ8“ и тоа како е моќен автомобил, но сепак „ABT“ на почетокот на оваа година, претстави тјунирана верзија со својот потпис наречена „RSQ8-R“ и тоа пред почетокот на пандемијата.

Стандардно, овој гигант од Инглоштад со помош на 4.0-литарскиот битурбо бензински „V8“ мотор може да произведе 600 KS и 800 Nm вртежен момент. Од „ABT“ сметаат дека тоа не е доволно па поради тоа пристигнува „RSQ8-R“ кој со веќе зголемените 700 KS и 880 Nm, сега доаѓа со вкупно 740 KS и 920 Nm.

Благодарејќи на новата „ECU“ единица, но и на интеркулерот, тјунерите успеаа да ја извлечат оваа магична бројка со која не би се засрамил ниту некој суперавтомобил.

Максималната брзина сега изнесува високи 315 km/h, a новиот издувен систем со четири цевки брои 102 mm ширина, што и тоа како ќе ги израдува оние кои сакаат брутален звук на битурбо „V8“ моторот.

Уникатниот аеро-пакет од карбонски влакна и големите 23-инчни „ABT High Performance HR“ тркала дополнително допринесуваат за целокупниот изглед на возилото, додека во ентериерот свое место пронајде и новиот управувач, како и понекој карбонски детал.

Треба само уште да се нагласи дека ќе бидат произведени само 125 примероци од овој „SUV“ модел, како и дека засега не е позната неговата цена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП