28 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕХигиената на прво место: Работи кои никако НЕ смеете да ги делите...

Хигиената на прво место: Работи кои никако НЕ смеете да ги делите со други лица

Хигиената секогаш треба да ви биде на прво место, за да го сочувате вашето здравје и здравјето на луѓето околу вас.

– За почеток немојтее да го делите сапунот со други, без оглед дали станува збор за обичен или антибактериски. Имено, пената на сапунот може да не се исуши целосно по користењето и да содржи бактерии кои ќе ја заразат наредната личност која ќе го користи.

– Било кој предмет кој е во допир со косата не би требало да го делите. Меѓу таквите се четките за косакацигата или капите.

– Освен тоа, делењето на антиперспирант никако не треба да го практикувате, бидејќи на тој начин можете да ги пренесете бактериите кои предизвикуваат непријатни мириси. Особено избегнувајте ги ролоните.

– Маскаратакарминот и други средства за разубавување, чувајте си ги за себе. Преку шминката може да се пренесе некоја инфекција. Иако шминката во себе содржи одредени конзерванси, чија цел е да ги уништат бактериите, подобро е да не ја делите со други.

– Ретко кој правилно ја дезинфицира грицкалката или турпијата за нокти, па така на неа остануваат многу бактерии и габи. Доколку случајно со грицкалката за нокти ја поткачите и кожата, отворате место преку кое тие можат да се пренесат.

– Исто така не би требало да ги делите ниту пијалоците, бидејќи бактериите кои предизвикуваат херпес, менингитис, вирус, воспаление на грлото лесно се пренесуваат ако чашата од која пиете не е само ваша.

– На ист начин однесувајте се и кон обетките или слушалките, бидејќи со нивното делење со други лица сериозно можете да си го загрозите здравјето.

– Обувките треба да бидат само ваши и на никој друг, не ги раменувајте со никого. Постојат премногу габични инфекции поради кои може да изгубите и неколку прсти од вашето стапало.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП