24 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСовети за долг живот

Совети за долг живот

Покрај физичките активности, здравата исхрана и добриот сон, постојат неколку начини за да го разубавите секојдневието и да живеете подолго и поквалитетно. Доктор Дејвид Б. Агус од калифорнискиот Универзитет предлага неколку совети.

Дневен распоред

Темпото на секојдневниот живот не ни дозволува да го почитуваме дневниот распоред. Сепак на организмот му е важно да има некаков распоред за да може полесно да функционира. Легнувајте си во исто време секој ден, јадете и тренирајте во приближно исто време.

Зошто е тоа важно? Нашиот организам бара предвидливост, а на тој начин се намалува стресот и се одржува хормонската рамнотежа. Со тек на времето, ненадејните ситуации и постојаното менување на распоредот на живот влијаат на тежината, предизвикуваат болести на срцето, несоница, појава на депресија, слаба концентрација… Дневната рутина е многу важна и овозможува да имате повеќе енергија и да бидете позадоволни.

Раздвижете се

Нашето тело е „програмирано“ да се движи. На тој начин секој орган ја задржува виталноста и е подготвен да се соочи со предизвиците. Современите луѓе многу малку се движат, а научниците пресметале дека пет часа седење дневно има исто влијание врз организмот како да сте испушиле една кутија цигари. Без разлика која е вашата професија треба колку е можно почесто да станувате и да се раздвижите, а тоа може да се прави и додека зборувате на мобилен телефон. На секој еден час обврзно направете пауза и
прошетајте неколку минути.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП