29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВеќе 230.000 луѓе го имаат нарачано новиот „Ford Bronco“

Веќе 230.000 луѓе го имаат нарачано новиот „Ford Bronco“

Неодмана претставениот „Ford Bronco“ го привлече вниманието на голем број луѓе, а тоа го потврдија и од компанијата со тоа што веќе имаат 230.000 нарачки за овој модел, а се верува дека тоа не е се и дека побарувачката ќе продолжи да расте.

Интересно е тоа што „Ford“ ги најави првите испораки дури за пролетта 2021-ва, па така сосема е сигурно дека многумина од купувачите ќе мораат да чекаат дури до 2022-ва година за да го добијат своето возило.

Ова е реткост во последно време иако можеме да се потсетиме дека ваков интерес владееше за некои од моделите на „Тeslа“, но вакво нешто досега се нема видено кога станува збор за некој теренец.

Сепак, треба да се каже дека и „Jeep“ минатата година продаде околу 220.000 примероци од моделот „Wrangler“.

Доколку мислевте дека „Bronco“ е евтин, тогаш сте се излажале. Затоа што, основната верзија со две врати чини 28.500 долари, додека таа со плус две врати е 30.000 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП