19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПандемијата донесе раст на продажбата на „Procter & Gamble“

Пандемијата донесе раст на продажбата на „Procter & Gamble“

Зголемената потрошувачка на производи за домаќинства, како што се прашок за перење, плус зголеменото складирање, помогна во продажбата на „Procter & Gamble Co.“. Но, растот може да забави, пренесува „Bloomberg“.

„P&G“, кој поседува брендови како „Tide“, „Always“ и „Gillette“, забележа раст од 5 отсто во органска продажба во кварталот што заврши на 30 јуни. Ова и помогна да се зголемат приходите на одделот за грижа на ткаенини и домот за рекордни 14% во фискалниот четврт квартал. Компанијата исто така забележа двоцифрено зголемување на растот во единицата за грижа за семејство.

„Нема ништо случајно во овие резултати“, вели финансискиот директор, Џон Молер. „Ќе го придвижиме моментумот напред кон следната година“, рече тој.

Според „P&G“, растот ќе продолжи и во тековната фискална година, но во умерени количини. Органските приходи, кои ги исклучуваат ефектите од факторите како што се аквизицијата и промените во валутите, се очекува да растат од 2% на 4% во фискалната 2021-ва година. Ова е под 6% од минатата година. Очекувањата на компанијата се за раст на основната заработка по акција од 3% до 7%, што е исто така под 13% во минатата година.

Според Молер, растот на производите за дома и лична нега ќе продолжи бидејќи потрошувачите поминуваат повеќе време дома. Компанијата ужива и во зголемената продажба во Кина, која „многу добро се опоравува“.

Сепак, има некои слабости во извештајот. Бидејќи луѓето кои седат дома не се бричат толку често, единицата за одржување на изгледот беше единствена со пад на органската продажба за кварталот во услови на пад на продажбата на жилети. Продажбата на марката од високата класа „SK-II“, исто така, опаѓа како резултат на де факто прекинување на шопингот во продавници без царини на аеродромите.

Сепак, компанијата е оптимист. „Имаме причини да веруваме дека ќе продолжиме да ги надградуваме и горниот и долниот ред“, рече Молер, со оглед на приходите и профитот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП