25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПозната е цената на новиот „Audi A3 Sedan“ (ФОТО+ВИДЕО)

Позната е цената на новиот „Audi A3 Sedan“ (ФОТО+ВИДЕО)

„Audi“ пред почетокот на продажбата на новата „А3“ лимузина ја објави цената и нови фотографии од овој модел.

Втората генерација на „Audi A3 Ѕedan“ дебитираше пред неколку месеци, а овој автомобил наскоро ќе пристигне и во европските продажни салони.

Новиот „A3 Sedan“ e со 4.500 mm подолг од претходникот за 4 cm, додека меѓуосовинското растојание остана непроменето и изнесува 2.637 mm.

Возилото е пошироко за 20 mm од претходно (1.820 mm), a висината е зголемена за 10 mm (1.430 mm).

Од компанијата соопштија дека на почетокот на продажбата на купувачите ќе им бидат понудени два турбо-бензинци и два туроб-дизели.

Основниот бензинец за погон ќе користи трицилиндарски 1.0-литарски „TFSI“ со 110 KS и мануелен 6-брзински менувач.

Помоќниот бензински агрегат е 2.0-литарскиот „TFSI“ со 150 KS. Oвој модел покрај мануелниот менувач ќе се испорачува и со седумстепен автоматски „S tronic“ со двојно квачило.

Кога станува збор за дизел верзиите, купувачите на располагање ќе имаат 2.0-литарски „TDI“ со 116 и 150 KS.

Помоќната дизел верзија ќе биде достапна исклучиво со споменатиот „S tronic“ менувач.

Новиот „Audi A3 Sedan“ во Германија има цена од 27.000 eвра, колку што чини основната безинска верзија со трицилиндарски мотор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП