1 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНамалениот апетит за чоколадо како резултат на Ковид-19 го намали профитот на...

Намалениот апетит за чоколадо како резултат на Ковид-19 го намали профитот на „Lindt“

Производителот на чоколади „Lindt & Spruengli“ соопшти дека очекува продажбата да се намали за 5-7% во текот на оваа година, пред да закрепне следната година. Затворањето на продавниците поради пандемијата на коронавирус влијаеше и на швајцарската компанија, а тоа ги погоди продажбата и профитот за првата половина од 2020-та година, пренесува „Reuters“.

Производителите се борат со намалената побарувачка, бидејќи повеќето потрошувачи се фокусираат на набавка на основни намирници, отколку на повеќе импулсивни купувања.

„Lindt“ ги потврди своите прогнози за 2019-та година по подобрувањето на бизнисот во Соединетите држави.

„Очекуваме органската продажба во целата финансиска година да биде околу 5-7% пониска отколку во 2019-та година“, се вели во соопштението на производителот на чоколадите бомбони „Lindor“. Тој очекува оперативна профитна маргина од околу 10%.

Компанијата исто така појасни дека прогнозата се заснова на претпоставката дека нема да има други големи блокади, а продажбата за време на божиќните празници ќе биде слична на минатогодишната.

За првата половина од годината, „Lindt“ објави пад на органската добивка од 8,1% на 1,53 милијарди швајцарски франци (1,29 милијарди фунти). Нето-добивката падна на 19,7 милиони франци од 88,1 милиони франци за истиот период од минатата година, велат од „Lindt & Spruengli“.

Продажбата беше особено погодена од ограничувањата во трговијата на мало, како и привременото затворање на околу 500 од продавниците на компанијата околу Велигден.

Сепак, групата ја реафирмираше својата среднорочна и долгорочна цел за зголемување на органската продажба од 5-7% на годишно ниво и рече дека овој опсег може да се надмине следната година, како резултат на ефектот.

Оперативната добивка треба да се врати на околу 15% во 2022-2023 година. Оперативната маргина, пак, треба да закрепне до 20-40 основни поени годишно на среден и долг рок, соопшти компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП