30 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКинеските електрични автомобили ќе станат глобално доминантни

Кинеските електрични автомобили ќе станат глобално доминантни

Електричните автомобили произведени во Кина ќе доминираат на глобалниот пазар, смета американскиот деловен магазин Forbes.

Кина е во чекор со западниот свет кога станува збор за производство на овој вид возила, па дури и во некои сегменти го надмина, пишува Forbes. Во најнаселената земја во светот во 2019 година имало 2,58 милиони електрични автомобили, во Европа 970.000 и Соединетите Американски Држави 880.000, според Меѓународната агенција за енергетика.

Покрај тоа, во Кина постојат најголем број станици за полнење на батерии на возила во споредба со остатокот од планетата. Тој број се зголемува и сочинува 82 проценти од вкупното зголемување на бројот на полначи во светот.

Во оваа држава се произведуваат електрични автомобили со врвен квалитет и станаа многу конкурентни на пазарот. Како пример за тоа може да се наведе Xpeng P7, кој е сличен на моделот 3 на Tesla. Од нула до сто километри на час, P7 забрзува за само 4,7 секунди и има многу привлечен дизајн. Неговата цена е 36.000 УСД.

Ова не е единствениот кинески електричен автомобил кој е конкурентен со оние од остатокот на светот. Тука се и други модели кои се конкуренција во други автомобилски сегменти.

Пониската цена, поквалитетниот и попривлечен дизајн не се единствените предности на кинеските автомобили. Постојат и други фактори кои ги прават сè поконкурентни. Едно од нив е дека Кина е најголемиот производител на литиум во светот – ресурс потребен за производство на батерии. Соединетите држави произведуваат само два проценти од литиумот во однос на остатокот од светот.

Forbes проценува дека сегашната политика на западните земји ќе спречи доминација на кинеските електрични возила и во овој дел од планетата. Но, прашањето е кога тоа ќе се промени односно колку се одржливи протекционистичките политики.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП