23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Amazon“ ја продолжува работата од дома до 8-ми јануари

„Amazon“ ја продолжува работата од дома до 8-ми јануари

Компанијата „Amazon“ објави дека ќе им овозможи на вработените кои можат да работат од дома да продолжат да ги извршуваат своите должности од далечина до 8-ми јануари, пишува „CNBC“. Ова е уште едно продолжување на периодот на враќање во канцелариите за многумина вработени во технолошкиот гигант.

„Ние продолжуваме да му даваме приоритет на здравјето на нашите вработени и ги следиме насоките на локалните власти. Сите вработени кои што можат ефикасно да ги извршуваат работните обврски од дома се добредојдени да го сторат тоа до 8-ми јануари“, рече портпаролот на „Amazon“.

Тој додаде дека компанијата инвестирала „значителни средства и ресурси“ за да обезбеди сигурност на вработените кои избираат да се вратат во канцеларија – преку мерки за социјално растојание, дезинфицирање на просториите, мерење на температурата и обезбедување на маски за лице и антибактериски средства.

Веста доаѓа откако компанијата во мај објави дека вработените би можеле да работат од дома најмалку до 2-ри октомври.

Технолошките компании, вклучително и „Facebook“, „Google“ и „Apple“, велат дека не очекуваат нивните вработени да се вратат во канцелариите до крајот на годината. „Twitter“ дури им дозволи на луѓето што можат да работат од дома да го сторат тоа „засекогаш“ ако сакаат.

Од „Amazon“ не прецизираа колку од вработените во компанијата ќе бидат опфатени со одредбата, но велат дека новата политика е „глобална“. Технолошкиот гигант додаде дека на крајот на последниот квартал компанијата имала 840.400 вработени со полно и со скратено работно време.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП