18 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАвстриска банка „под клуч“ поради лажирање на билансот и проневера

Австриска банка „под клуч“ поради лажирање на билансот и проневера

Австриската банка „Commerzialbank Mattersburg“ доби наредба веднаш да престане да работи поради сомневање за фалсификување на билансот на состојба и проневера.

„Не се размислува банката да продолжи со работа, таа мора да биде ликвидирана“, рече претседателот на провинцијата Бургенланд, Питер Доскоцил.

Шефот на регионалната банка од провинцијата Бургенланд, Мартин Пуер, поднесе оставка по првото рочиште и поднесе тужба против самиот себе. Висината на нанесената штета не може да се процени засега, а Органот за супервизија на финансискиот пазар (ФМА) објави дека ситуацијата е „драматична“.

Бројни компании и поединци, според Доскоцил, најверојатно ќе изгубат многу пари на крајот, како резултат на фалсификување на билансот на состојба.

Провинциската влада воспостави „телефонска линија“ на која можат да се јават сите клиенти на банката, а ангажиран е адвокат да дава бесплатни правни совети. Провинцијата Бургенланд не била погодена од колапсот на банката, бидејќи немала деловни врски со неа, додаде Доскоцил.

Сепак, компанијата за електрична енергија на Бургенланд има околу пет милиони евра на својата сметка во таа банка.

„Претпоставувам дека нема да има пари“, рече Доскоцил.

„ФМА“ посочува дека депозитите до 100.000 евра по лице се осигурани и дека граѓаните не треба да се плашат до таа сума.

При прегледот на банката, откриена е сериозна измама, бидејќи со години е „фризиран“ билансот, така што беше прикажан биланс од околу 800 милиони евра. За да спречи поголема штета, „ФМА“ нареди затворање на сите девет филијали и седиштето на банката.

Од затворањето на банката, најсилно погодена е регионалната економија и општините, кои имаа жиро-сметки во неа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП