25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНајновиот „Lambo“ стана уште попривлечен, запознајте го „Lamborghini Sián Roadster“ (ФОТО+ВИДЕО)

Најновиот „Lambo“ стана уште попривлечен, запознајте го „Lamborghini Sián Roadster“ (ФОТО+ВИДЕО)

Најмоќниот и моментално најатрактивниот суперавтомобил под брендот „Lamborghini“ ја доби и својата „Roadster“ верзија која ја направи, ако воопшто е можно, дури и попривлечна, поубава и поексклузивна.

Оваа недела беше откриена топ-понудата на италијанскиот бренд под знакот на лутиот бик – „Lamborghini Sián Roadster“. Станува збор за надградба на моделот „Sián“, суперавтомобил кој се произведува во ограничена серија, кој се потпира на темелите на „Aventador“, а моќта ја добива во комбинација на 6,5-литарски бензинец V12 и благ хибрид од 48 волти, чија комбинирана моќност е 819 КС. За забрзување од 0 до 100 км на час на овој модел му се потребни помалку од 2,9 секунди.

„Sián Roadster“ ја има истата технологија, но со кокпит кој е целосно отворен „кон небото“, а за што самите дизајнери признаваат дека е нивно најспектакуларно дело досега. Се разбира, „Lamborghini“ за овој модел нуди голем број на опции за адаптирање на ентериерот кон клиентот, додека сите модели ќе имаат препознатливи небесно сини детали кои ја означуваат неговата електрична „душа“.

Однадвор, има дизајн кој ги влече своите корени од првиот легендарен модел „Countach“, нагласен со карактеристичен светлосен потпис во форма на „Y“, и детали за каросерија направена од видливи плетенки со јаглеродни влакна, сè до задните шестоаголни светла, познати од обичниот „Sián“.

Оригиналниот „Sián“ ќе се произведува во само 63 примероци, додека варијантата „Roadster“ ќе биде уште поексклузивна – „Lamborghini“ има намера да произведе само 19 возила. Овие бројки заедно формираат во 1963 година, година кога е основана компанијата.

Неофицијално еден примерок на „Sián Roadster“ ќе се продава по цена од околу 3,6 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП